А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

by А1он09/04/2024 - 16:2509/04/2024 - 16:26642
Share0

Потребата за доследно спроведување на Договорот од Преспа, но и ставот дека претставува не само обврска за земјата, туку и дека не може еднострано да се промени, ги истакнале грчки дипломатски извори, пренесува државната агенција АНА-МПА.

Следете a1on на Instagram Instagram

Дипломатските извори, ги коментирале сите актуелни прашања во грчката надворешна политика, односно следните чекори во односите со Турција, односите со Косово, но и со нашата земја.

Во однос на Македонија, истите извори посочиле дека треба да има верно спроведување на Договорот од Преспа, додека пак за меморандумите што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, рекле дека ќе се ратификуваат доколку другата страна се придржува до сите чекори.

-Дипломатските извори посочија дека Грција одблиску ги следи политичките случувања, каде во мај треба да се одржат националните избори. Во врска со изјавите на лидерот на официјалната опозиција дека земјата нема да се нарекува „Северна Македонија“, се посочува дека „логиката на Договорот од Преспа претставува не само обврска за државата, туку и не може да се менува еднострано и преовладува над која било друга одредба“, пишува АНА-МПА.

Следете a1on на Youtube YouTube

За грчко-турските односи, истите извори брифирале дека на 22 април во Атина ќе се одржи нова рунда од разговорите за мерките за градење доверба, а четири дена подоцна во Истанбул двете делегации ќе разговараат за соработката, односно за т.н. позитивна агенда.

Во однос на прашањето со Косово, рекле дека „нема и нема намера да се промени ставот“ на Грција.

prespanski dogovor

Би можело да ве интересира

Премиерот за Преспанскиот договор: Ветувањата останаа неисполнети

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:07

ДУИ: Преспанскиот договор ја закотви Македонија на вистинската страна на историјата

Горан Наумовски17/06/2025 - 09:43

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

Катерина Ѓуровски09/01/2025 - 09:20

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Катерина Ѓуровски30/08/2024 - 13:08

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Катерина Ѓуровски22/07/2024 - 10:04

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски14/07/2024 - 15:0114/07/2024 - 16:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео