Новата сезона во ракометната Лига на шампиони започна поволно за македонските екипи. Во 1. коло победа и нерешен резултат е билансот на нашиот шампион и вицешампион.
Вардар дома со фаворитот број 1 за шампионската титула Барселона одигра нерешено 29:29, додека Металург го победи Вакер Тун со 23:22. На третиот натпревар од Ц групата ПСЖ – Динамо Минск 34:30.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати:
А група: Рајн Некар Ловен – Мотор 31:31, Санкт Петербург – Веспрем 15:28 и Загреб КО – Цеље 24:21.
Б група: Висла Кил 33:34, Колдинг – Порто 25:20 и Висла – Данкерк 33:23.
Д група: Ла Риоха – Хамбург 24:33, Горење – Халмштад 35:33 и Флензбург – Алборг 31:27.
Во следното коло Вардар игра против Динамо Минск на гости, додека Металург го пречекува тимот на ПСЖ.