Фудбалерите на Феенорд му го нанесоа најголемиот пораз на Ајакс

Од:

Фудбалерите на Феенорд му го нанесоа најтешкиот пораз во меѓусебните дуели на вечниот ривал Ајакс, бидејќи денеска во мечот од 29. коло на холандскиот шампионат ги совладаа „главите“ со 6:0.

Во првенствената пресметка пред денешната убедлива победа, Феенорд го совлада Ајакс со максимални пет гола разлика, и тоа само еднаш, пред речиси 60 години, кога победи со 9:4.

Есента Феенорд го победи Ајакс со 4:0 како гостин.

Ајакс во неколку наврати го совлада вечниот ривал со шест гола разлика: 7:1 во октомври 1933 година, 6:0 во ноември 1975 година, 8:2 во септември 1983 година и 6:0 во мај 1999 година.

Клубот од Ротердам денеска до убедлива победа го предводеа двојните стрелци Игор Паишао и Јанкуба Минтех, а по еден гол постигнаа Давид Ханко и Квинтен Тимбер.

Бранителот на титулата Феенорд е втор со 69 бодови на пет кола пред крајот на првенството, девет помалку од лидерот ПСВ, додека Ајакс е шести со 45 бодови.

Би можело да ве интересира

Баер победи во Ротердам во пресметката со Феенорд – 4:0

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кокча му се нафрли на Тадиќ во најголемото холандско дерби: Навивачите му ја повредија главата на играчот на Ајакс

Раководството на Унион Берлин физички нападнато пред дуелот со Феенорд

А1он

КАС: Лацио да плати еден милион евра на Феенорд за Де Вриј

Наум Локоски