Анита Јелиниќ (15) исчезна на 31 март во градот Залужница кај Оточац, Хрватска, а семејството со денови трага по нивната ќерка.
„Се плашиме. Ги молиме сите да ни помогнат“, вели нејзиното семејство.
„Контактиравме со сите нејзини пријатели и познаници, но нема трага од неа. Веќе шести ден ја нема. Со сопругот не сме добро, на апчиња сме. Само сакаме да си дојде дома и да биди добро“, рекла низ солзи мајката на исчезнатото 15-годишно девојче.
Девојчето е високо 160 сантиметри, има кафена коса и кафени очи. Во моментот на исчезнувањето таа носела црно-црвена тренерка и црни патики.
Полицијата ги замолува граѓаните доколку имаат информации за Анита да ја известат најблиската полициска станица или да се јават на 192. Информации може да се достават и на е-маил адресата: [email protected].