Еден маж е повреден во шумски пожар што утринава избувна на грчкиот остров Крит, а властите наредија евакуација на четири станбени области на истокот од островот, пренесе Катимерини.
Според информациите, мажот се здобил со изгореници и има проблеми со дишењето и се лекува на Одделението за интензивна нега во болница на Крит, а не се знае степенот на повредите.
Пожарот, поттикнат од силните ветрови, се прошири низ падините на планинската шума источно од крајбрежниот град Иерапетра.