Тајфунот „Усаги“, најмоќната тропска бура во светот годинава, досега предизвика смрт на 25 лица во јужна Кина и го парализира аеродромот во Хонг Конг, каде денеска блокирани останаа илјадници патници.
„Усаги“ („зајак“ на јапонскиј азик), придружен од поројни дождови и ветришта со брзина од 165 километри на час, до кинескиот пред стигна синоќа.
Сите брзи возови, што поаѓаат од Кантон, главен град на провинцијата Гуангдунг, се откажани, како и стотици летови од аеродромите во Кантон, Шанчунг и Хонг Конг.
Меѓународниот аеродром во Хонг Конг, еден од најфрекфентните во светот, беше парализиран во текот на голем дел од вчерашниот ден и во текот на изминатата ноќ, откако „Катај Пасифик“ синоќа ги откажа сите свои летови по 18 часот, одлука која ја следа и повеќето странски авиокомпании.
Утрово авиокомпаниите ги информираа патниците дека шансите да полетаат во текот на денот се мали поради големиот број доцнења.