Стојаноска: Младите одбираат промени, ВМРО-ДПМНЕ ветува нови 50.000 вработувања

Од:

Со вчерашниот митинг во Скопје започнавме да ја пишуваме историјата на горда Македонија.Она што особено како политичари и родители ме радуваше, тоа беше присуството на огромен број на млади вчера. Младите изминатите 7 години видоа што значи да се водат лоши и понижувачки политики за Македонија, но и за младите вели носителката на листитата во Изборната единица 6 Дафина Стојаноска.

– Со програмата Платформа 1198 ВМРО-ДПМНЕ за младите во Македонија за следните 4 години 50.000 нови вработувања, ветува издвојување на посебен фонд за врвна наука, издвојување на директна поддршка од 50 милиони евра за спортот и културата. И ветува возобновување и надоградување на проектот купи куќа за млади. Со младите во Република Македонија ќе ја изградиме Македонија да биде во твои раце и Македонија повторно да биде горда, рече Стојаноска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти