(ВИДЕО) Кога државата ја водат несигурни и фрустрирани забораваат на државните интереси – интервју со Гордана Силјановска Давкова

Од:

„ Кога државата ја водат несигурни и фрустрирани луѓе тие забораваат на државните интереси и спремни се да ги жртвуваат зошто се импресионирани од преставниците на големите држави. Го говорат тоа што мислат дека големите сакаат да го чујат, а не ги гледаат интересите на Македонија. Таквите луѓе се непотребни. “ вели во интервјуто за А1он претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова.

Според неа токму поради таквото однесување, големите имаат предрасуди дека кај нас ќе помине без проблем се што ќе предложат.

„ Затоа треба да ни се врати гордоста, самопочитта за да и другите надвор не гледаат со почит. “ вели во интервјуто Силјановска Давкова.

Вели дека сосема е погрешна перцепцијата и она што постојано го велат – „ Се качуваме на возот за Брисел“, туку треба да направиме се дома да живееме европски, а не да одиме таму.

„ НЕ, Не треба ние да се качиме и одиме во Брисел, туку Брисел треба да дојде тука. Да живееме по европски стандарди дома. Не да ни се иселуваат најпаметните. Да се бориме за секој лекар, за секое медицинско лице, за сите професионалци, да ги задржиме дома. Така се бориме за иднината на земјата, а не со одење на најпаметните надвор, во Европа, по подобра иднина. .“ вели Силјановска.

За неа најважно е претседателот да биде и да остане поборник за правдата и за граѓаните. Вели дека суштински е, а и таа во нејзиниот кабинет сака да се опкружи со критичари.

„ Тоа ќе се луѓе од кои ќе чујам различно мислење и критика, а не да сум опкружена со луѓе кои ќе го говорат само тоа што мислат дека сакам да го чујам. Така ќе ја немам вистинската слика, а најважно е да се знае точно што мисли народот за некои прашања.„ вели таа.

Дали е русофил, дали е против албанците во Македонија, што мисли за договорот со Бугарија? Кој е нејзиниот предлог како да се реши проблемот со договорот за добрососедство. И што ќе направи како претседател доколку ја добие довербата на граѓаните.  За сите овие прашања, за нападите врз неа и дали мисли дека Македонија е подготвена за жена претседател, погледнете го интервјуто на А1он.

Би можело да ве интересира

Средба Сиљановска Давкова-Гир: Нашата иднина несомнено е во Европската Унија

Вагнер: Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор

Сиљановска-Давкова ќе се придржува до уставното име, велат од Кабинетот на претседателката

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

„Еурактив“: Претседателката на Северна Македонија предизвика контроверзии на инаугурацијата

Горан Наумовски

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов