ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев не треба да се плаши, туку треба да се срами

Од:

Зоран Заев не треба да се плаши, туку треба да се срами. Доколку некој ја збогати фамилијата со пари и тендери, треба прво да се засрами, а не да се плаши.

Ова го наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјавата на лидерот на СДСМ Заев во која тој вели дека се што е спроведено во општина Струмица е согласно законот и повикува ако има нешто нечесно и незаконски, веднаш да му поднесат кривични пријави и да го апсат.

– Г-дине Заев, смешно е и срамота е да глумите некаков херој и да изјавувате дека не се плашите, прикажувајќи се себеси за херој, кога никој не Ве прашува за тоа дали се плашите. Не треба да се плашите, треба да се срамите зошто злуопотребувајќи ја функцијата Градоначалник, ги наполнивте со тендери целата Ваша потесна и поширока фамилија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ