Шумски пожар над гостиварско Дебреше

Од:

Шумски пожар вечерва избувна во атарот на гостиварското село Дебреше, опожарена е борова шума. Заради интензитетот и временските услови гаснењето е отежнато.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, во текот на денот имало два пожари во гостиварско. Едниот во атарите на селата Печково и Долно Јеловце во кој гореле висока трева и стрништа и кој е изгаснат, додека попладнево се појавил нов пожар кај Дебреше. За гаснење на пожарот најавено е дека ќе биде побарано да се делува и од воздух.

– Вториот пожар е во село Дебреше, гостиварско. Пожарот има навлезено во борова шума и засега не може да се стави под контрола. За утре е најавено побарување за воздушна поддршка, наведуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Во пожар изгореа неколку стари куќи во прилепско Чаниште – нема жртви и повредени

А1он

Маж (70) почина при пожар во Смедерево

А1он

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

(ВИДЕО) Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

Горан Наумовски

Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни

ЦУК: Активни се четири пожари, а три се под контрола

Горан Наумовски