МВР информираше дека вчера во 19.40 часот во пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом во градот било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.