Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Од:

Претседателскиот кандидат професор Билјана Ванковска и политичката партија Левицаподнесоа Иницијатива за оценка на уставноста и законитоста против Упатството за радиодифузери на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година, со барање на изрекување итна времена мерка за запирање на извршување на овој скандалозен подзаконски акт.

„Сметаме дека АВМУ излегува надвор од границите на Уставот и на Изборниот законик, произволно толкувајќи ги одредбите од истиот директно на штета на нашиот потврден претседателски кандидат – оневозможувајќи го и ускратувајќи му го правото на еднаков пристап до медиумите и избалансирано медиумско претставување, со тоа што ни се узурпира и таа минута време за платено политичко рекламирање која што законски ни следува!

Со ваквиот тенденциозен чекор на АВМУ, на само неколку дена пред официјалниот почеток на изборната кампања, ни е нанесена непроценлива нематеријална и материјална штета како учесници во изборниот процес, а сериозно е доведен во прашање и кредибилитетот на целокупните избори во кои независните кандидати, поддржани од група граѓани, спротивно на закон, не се третираат еднакво и, отворено и противзаконски, се фаворизираат кандидатите на големите политички партии, преку нивните експоненти-членови во ДИК и во АВМУ.

Левица, како оштетена странка, порачува дека нема да запре тука со своите правни инструменти и против сите членови на АВМУ и на ДИК, поименично, ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а ќе побара и времена мерка за изрекување судска забрана за исплата на средствата за изборната кампања на сите потврдени независни претседателски кандидати.

Дополнително, ќе иницираме и граѓански спор за оштета во кој ќе бараме солидарна одговорност на сите членови на Советот на АВМУ за материјалната штета што ни е нанесена, а која се брои во милионски износ.”

Би можело да ве интересира

Мојсоска од Левица: Со тројно повеќе сили против естаблишментските партии

Орце Костов

Левица: Изборниот систем сите нас нè краде, ние сме ускратени за најмалку два мандати

Уставен суд: Надлежните да утврдат дали се работи за закана или случајност кон претседателката Кацарска

Горан Наумовски

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата