Исчезната е 21-годишна студентка од Албанија, последен пат е видена во скопски Илинден

Од:

21-годишната Енкеледа Чела од Албанија, која во Скопје студирала на Економскиот факултет е исчезната од ноќта петок кон сабота. Информациите дека ја нема девојката ги споделија нејините пријатели кои го информирале и нејзиното семејство во Албанија.

Чела во петокот вечерта некаде околу полноќ и 01 часот излегла да прошета на којот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела. Не се вратила дома. Пријателката со која живее почнала потрага и според информациите, Енкеледа била видена на бензинска пумпа во Илинден утрото во саботата.

Случајот е пријавен во полиција.

– На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, се вели во соопштението од МВР.

Според пријателите на Чела МВР в понеделник ќе ги прегледува камерите на местото каде што наводно последен пат била видена девојката.

Според информациите што за А1он ги дадоа нејзините пријатели, телефонот и е исклучен, личната карта и е дома, но претпоставуваат дека пасошот и бил во ранецот кој го носела со себе.

Девојката има црвено-кафеава коса, носи протеза на горните заби. висока е 160 см, а тешка околу 55 килограми. Кога исчезнала била облечена во фармерки и црна јакна, со себе носела ранец.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР