Во нападот на трговски центар во Најроби загинаа најмалку 59 лица

Од:

Бројот на жртвите од нападот на трговсксиот центар во Најроби, се искачи на 59 лица, соопшти кенискиот министер за внатрешни работи Оле Ленку. Најмалку 175 лица се повредени, јавува ДПА.

– Најмалку илјада лица се изведени од луксузниот центар „Вестгејт“ неповредени, дополни министерот.

Тој истакна дека меѓу 10 и 15 напаѓачи, кои држат непознат број заложници, се забарикадирани во зградата, обиколена од војници и полицајци.

Вчера сомалиската група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот и соопшти дека нема да има преговори меѓу нејзините членови и кениските безбедносни сили.

„Денес околу пладне муџахедини влегоа во Вестгејт. Тие убија над 100 кениски неверници и борбата продолжува“, напишаа исламистите преку нивниот Твитер акаунт. Групата дополнува дека Кенија многупати била предупредуванa да ги повлече војниците од Сомалија или ќе поднесе „тешки последици“. Кенија испрати свои сили во Сомалија како поддршка на локалните власти во борбата против исламистичките екстремисти.

„Кениската влада остана глува на предупредувањата и продолжи да убива невини муслимани во Сомалија, напишаа од Ал Шабаб на Твитер.

Во меѓувреме, Твитер go блокираше налогот на радикалната група Ал Шабаб, јави ДПА. Ова е третпат групата да е блокирана на Твитер. Во јануари налогот на Твитер на Ал Шабаб беше замрзнат, откако групата побликуваше снимки на француски командос кого го убиле и се заканија дека ќе егзекутираат заробени Кенијци. Претходно месецов, повторно беа блокирани поради закани против претседателот на Сомалија.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“