По силниот земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала што утрово ја погоди Грција, тлото продолжува да се тресе.
Најмалку уште четири последователни потреси се регистрирани во тој регион со разлика од помалку од половина час.
Според ЕМСЦ, земјотресите биле со јачина од 2,9, 2,1, 2,5 и 3,1 степени според Рихтеровата скала.
Тие биле регистрирани помеѓу 9:24 и 9:45 часот по локално време.
ЕМСЦ пишува дека буквално една минута пред силниот земјотрес од 5,7 степени е забележан послаб земјотрес од 4,2 степени според Рихтеровата скала.