Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека му се закануваат со апсење, но дека тој и неговото обезбедување ќе дадат отпор.
„Ми се закануваат со апсење и добив информација и ми рекоа дека ако моето обезбедување даде отпор, дека ќе пукаат“, рече Додик за време на своето обраќање во Собранието на РС.
– Им велам дека ќе дадем отпор, изјави Додик, не прецизирајќи од кого ги добил заканите.
Додик ги поврза заканите со случајот „Интеграл инженеринг“, обвинувајќи ја опозициската Партија за демократски напредок (ПДП) дека Америка наредила санкционирање на таа компанија.
Претходно денеска, за време на специјалната седница на Собранието на РС, претседателот на Република Српска даде рок од седум дена да ги укине измените на Изборниот закон на БиХ, кои минатата недела беа наметнати од Кристијан Шмит, висок претставник во БиХ, кого Република Српска не го признава.
Додик на средбата изнесе низа барања кои мора да се исполнат или, како што рече, ќе реагира Република Српска.