Шест работници се водат за исчезнати по уривање на мост во Балтимор и се претпоставува дека се мртви, изјави извршниот директор на компанијата која вработуваше градежни работници на мостот.
– Освен нив, едно лице е неповредено, а другото е во болница во многу тешка состојба, изјави началникот на противпожарната служба во Балтимор, Џејмс Валас.
Метален мост на реката Потапско во американската држава Мериленд, долг 2,6 километри, речиси целосно се урнал кога голем сингапурски товарен брод удрил во еден од неговите столбови.
– Бидејќи бродот брзо се движеше кон мостот, властите немаа доволно време да ги спречат сите автомобили да го преминат мостот, но сепак многу помогнаа, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур.