Некролог со фотографија и име на претседателот на Србија Александар Вучиќ осамна денеска низ белградските улици и беше постиран на социјалните мрежи.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, ја обвини опозицијата велејќи дека ова не е шега, ниту забава, туку е јасна закана по животот на претседателот.
„ Болни и сериозно пореметени луѓе кои го прават ова и мислат дека тоа е политика, ќе го добијат одговорот на народот на изборите во Белград на 2 јуни.
Озбиљно болесне и дубоко поремећене особе које ово раде и мисле да је то политика, добиће одговор народа на изборима у Београду, 2. јуна. Надлежни органи да раде свој посао у складу са законом, јер ово нити је шала, нити је забавно, већ је за сваку иоле нормалну особу дубоко… pic.twitter.com/c1UEi2mNX9
— Ana Brnabic (@anabrnabic) March 26, 2024
Надлежните органи да си ја вршат работата согласно законот, бидејќи ова не е ниту шега, ниту забава, туку за секој бар малку нормален човек е длабоко вознемирувачки и претставува јасна и недвосмислена закана за животот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Ова, и ништо друго, е резултат на политиката на Ѓилас „Србија против насилство“ и против тоа ќе се бориме секоја минута, секој час, секој ден, засекогаш. Секогаш со Вучиќ и неговото семејство“, напиша Брнабиќ на мрежата Икс.