Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Од:

Пациентите и персоналот се евакуирани од консултативно-дијагностичкиот центар на Националниот медицинско-хируршки центар „Н.И. Пирогов“ во Москва поради наводна закана со бомба, додека на терен се специјалци со кучиња трагачи, потврди директорот на центарот Олег Карпов.

Тој рече дека на одделението во оваа зграда нема пациенти.

„Евакуацијата е извршена, пациентите и персоналот се однесени на безбедно растојание. Специјалните служби се на терен“, изјави Карпов.

Тој посочи дека пациентите, повредени во терористичкиот напад во „Крокус“ се во друга зграда.

Вкупно се евакуирани околу 700 луѓе.

Наводно, станува збор за импровизирани експлозивни направи од фосфор со тајмер од 40 минути, кои наводно се сместени во четири ранци на неколку ката од медицинската установа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва

Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе