На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

Од:

Познатиот украински клуб Шахтјор од Доњецк реши да го казни својот фудбалер Хусрав Тоиров со одбивање на месечната плата поради навистина бизарна причина.

Тоиров на социјалните мрежи означи дека му се допаднала објава од пријателскиот натпревар меѓу Русија и Србија во Москва, а тоа ги налутило сите во клубот од Доњецк.

Тоиров е репрезентативец на Таџикистан, а од Шахтјор најавија дека неговата одземена плата ќе ја пренасочат во една од единиците на Вооружените сили на Украина.

„Фудбалскиот клуб Шахтјор ја виде реакцијата на Хусрав Тоиров под најавата за победа на земјата на агресорот. Сметаме дека е неприфатливо и срамно однесување. Фудбалерот ќе биде казнет со едномесечна плата, а овие пари ќе бидат наменети за поддршка на една од единиците на вооружените сили на Украина“, се наведува во официјалното соопштение на клубот.

Според украинските медиуми, платата на Тоииров е околу 7.000 евра, што е прилично многу со оглед на фактот дека има само 19 години. Станува збор за една од младите надежи на клубот од Доњецк, тој порасна во Локомотив од Памир, потоа од Душанбе се пресели во Динамо, а пред Шахтјор настапуваше за казахстански Атирау.

Претходно, тој привлече внимание и затоа што јавно ја поддржуваше Палестина, додека нејзиниот народ трпи терор од израелската армија.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков