ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Од:

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски веќе трет ден молчи и не одговара дали некому донирал барем еден денар откако добива за 78% поголема плата.

Николоски три дена не се охрабри ниту да одговори дали знае дали кој било пратеник на ВМРО- ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на неговата партија имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому.

Дали молкот на Николоски значи дека тој ниту донирал, ниту планира да донира дел од својата плата? Дали со молкот Николоски ги штити и своите колеги пратеници и останатите сопартијци, кои месеци наназад земаат огромни плати и не сакаат да помогнат никому донирајќи дел од примањата, реагираат од Изборниот штаб на Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Следи голем инвестициски циклус, каде покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка, вели Николоски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ќе се одземат 97 лиценци кои не ги исполнуваат условите од законите за градење и за урбанистичко планирање

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

СДСМ: Николовски нема ниту еден нов започнат проект во првите 100 дена Влада

Предраг Петровиќ