ОЈО бара притвор за извршителка од Кичево, осомничена е за три кривични дела

Од:

Основното јавно обвинителство Кичево поведе постапка против извршителка за која постои основано сомнение дека во стек ги сторила кривичните дела – Спречување на службено лице во вршење, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и Фалсификување или уништување деловни книги.

„Осомничената 60-годишна извршителка за Кичево најпрвин на 21 март спречила службено лице – новинар кој се обидел да сними изјава од неа во врска со нејзиното постапување по предмет на извршување. Физички го нападнала и ја оштетила опремата на новинарот. Откако била пријавена и повикана во полициска станица да даде исказ, осомничената физички нападнала полициски службеник и го уништила изготвениот службен материјал.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, која во текот на целиот настан продолжувала да се заканува поради што јасно постои опасност од повторување на делото“.

Би можело да ве интересира

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Обвинителството поднесе жалба против малата казна затвор за Пајазити кој ја усмрти Теодора Ристовска

Горан Наумовски

Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“

Oбвинителство за седум полицајци бара притвор, тројца се обезбедени со претходна постапка

Се вршат претреси во Кочани и Скопје, се одземаат електронски уреди и докази

Истрага против 27 физички и три правни лица за трагедија во Кочани

Горан Наумовски