Германското државно обвинителство отвори истрага за прислушување на високи функционери на Бундесверот, јавува WDR.
Како што пренесува „РИА Новости“, истрагата против неименувани лица за шпионажа ја води главниот обвинител, а германското обвинителство наводно смета дека во прислушувањето на разговорот била вмешана и руската разузнавачка служба.
Истрагата треба да утврди како се одвивало прислушувањето на разговорот и кој треба да одговара за тоа.
Да потсетиме, на почетокот на месецов, главната уредничка на РТ и медиумската група „Расија Севодња“ Маргарита Симонјан на мрежите објави видео и транскрипт од разговорот меѓу германските офицери за нападите на мостот на Крим. Разговорот се случил на 19 февруари, јавува РТ Балкан.