Османи: Србија не може да биде дел од НАТО

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Србија не може да биде дел од НАТО, се додека ги нарушува вредностите на кои е изградена Алијансата.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, дека Србија „моментално е многу поблиску до НАТО отколку Косово“, Османи рече дека има само една земја која е подалеку од НАТО од Србија, а тоа е Русија.

„Има само една земја која е подалеку од НАТО од Србија, а тоа е Русија на Путин. Земја како Србија, која постојано ги крши главните вредности на кои стои НАТО, а тоа се заштита од авторитарни сили, заштита од земји кои ги крши основните правила на меѓународното право, како што е Србија, не само што е далеку од НАТО, туку не може ни да сонува дека еден ден ќе биде дел од НАТО“, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Вјоса Османи распиша парламентарни избори за 9 февруари 2025 година

Кабинетот на Османи: „За жалење“ е начинот на кој е разрешен инцидентот на скопскиот аеродром

Предраг Петровиќ

Суспензија и кривична за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром

Левица: На Вјоса Османи не ѝ е прв инцидент – ДПМНЕ да не го штити Гаши

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го штити обезбедувачот пиштолџија на Африм Гаши