Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Од:

Собранието ќе има активности до крајот на март имајќи предвид дека кампањата за претседателските избори почнува на 4 април, а потоа следува и кампањата за пратеници за изборите на 24 април и 8 мај.

На денешната координативна средба во Собранието спикерот Јован Митрески, како што брифираат од неговиот Кабинет, најавил дека врз основа на непишаното правило, во текот на изборна кампања Собранието нема да има активности, со цел да се спречи евентуална злоупотреба на говорницата. Собранието, како што посочуваат, ќе има активности до крајот на март.

На средбата со првите луѓе на пратеничките групи се разгледувале законите што се во постапка, а за кои ќе има услови во второ читање да се разгледаат на седницата што ќе се одржи наредната недела.
Седницата најверојатно ќе се одржи на 27 или 28 март.

Се разговарало и за некои законски решенија кои се во постапка, а за кои е неопходно дополнително усогласување меѓу пратеничките групи.

На координативниот состанок не присуствувале претставници на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции