Ким Кардашијан е обвинета за еко-тероризам

Од:

Ким Кардашијан е на удар и обвинета за еко-тероризам откако беше откриено дека само оваа година летала со својот приватен авион дури 30 пати, со тоа што летала дури пет пати во само еден ден, пишува британскиот Дејли Мејл.

И покрај тоа што бројните ѕвезди се повикуваат да користат приватни авиони, најштетниот начин на транспорт во светот, кој постојано врши притисок врз ѕвездите да го рационализираат своето патување, на Ким Кардашијан изгледа не и пречи.

Според податоците објавени на профилот „кимкџет“ на Инстаграм, во тие летови се потрошени повеќе од 130.000 литри гориво, а испуштени се 425 тони јаглерод диоксид. Тоа е еквивалент на енергијата што ја користат 55 домови за една година, според Калкулаторот за еквивалентност на стакленички гасови.

Ким Кардашијан во 2022 година купи приватен авион Gulfstream G65OER за 95 милиони долари и го нарече Kim Air и со бројни модификации ја покачи неговата цена за речиси 50 милиони долари. Од сите летови оваа година, најдолг беше оној кога таа отпатува во Париз на модната недела.

Нејзиниот приватен авион бил во воздух дури пет пати во еден ден, а тоа бил ден по Суперболот, па се претпоставува дека го позајмила на познати пријатели.

Би можело да ве интересира

Ким Кардашијан ги брани браќата Менендез

Британски шминкер сонувал да личи на Ким Кардашијан, заврши во болница со инфициран задник

Жарко Настоски

Ким Кардашијан и Канје Вест не планираат да живеат заедно, бракот им е „практично завршен“

Жарко Настоски

Шоуто „Кардашијанови“ го најави својот крај

Ана Ололовска

Ким Кардашијан претстави своја линија маски за лице

Ана Ололовска

Ким Кардашијан позираше во новата колекција за долна облека на брендот Скимс

А1он