Бајден ги критикуваше психичките способности на Трамп

Од:

За време на говорот на вечера во клубот Гридирон во Вашингтон, американскиот претседател Џозеф Бајден го критикуваше поранешниот претседател Доналд Трамп, правејќи шеги за неговата ментална подготвеност за претседателската функција, објавија денеска американските медиуми.

Бајден (81) е најверојатниот претседателски кандидат на Демократската партија за овогодинешните претседателски избори и ќе се соочи со својот републикански противник Доналд Трамп (77) во реванш во ноември.

„Едниот кандидат е премногу стар и ментално неподобен да биде претседател, а другиот кандидат сум јас“, се пошегува Бајден.

Потоа, сепак, стана сериозно кога го обвини Трамп дека ја „уништува економијата“ во 2020 година и дека ја посрамотил Америка во светот.

„Би сакал и тоа да беше шега, но не беше“, рече Бајден.

Како што пишуваат американските медиуми, Бајден се обидува да им се наметне на гласачите за да го зголеми својот низок рејтинг и да ја ублажи загриженоста дека е премногу стар за повторно да се натпреварува во трката за Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми