АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

Од:

Конференција на независниот синдикат на Државниот просветен инспекторат е апсурдна од својот вид, уникатен случај кој јасно покажува кому и зошто му пречи директорот на Инспекторатот, Халит Ферати, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

„Претседателот на синдикатот, Јован Ѓорѓиевски, поранешен градоначалник на општина Сопиште, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која организираше протести против албанското образование во Чашка и против директорот Халит Ферати, денеска бара негово разрешување. Синдикатот е регистриран и на адреса на општина Сопиште, што е преседан за синдикално организирање, кое исто така треба да се залага за правата на вработените, а не за именување директор и политички прашања како што слушнавме на конференција.

Сето ова докажува дека на првиот човек на овој синдикат и на неговите соработници им пречи тоа што за првпат повторно заживеа Државниот просветен инспекторат кој со години не се слушаше. Нив им пречи имплементацијата на албанскиот јазик, вработувањето и унапредувањето на Албанците во инспекторатот и образованието, отворањето албански паралели низ државата, особено во населените места каде што со години не функционираат. За сето ова да не биде доволно, се сеќаваме дека Ѓорѓиевски и некои негови соработници добиле кривични пријави за нивната работа“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он