Jaguar на саемот за автомобили во Франкфурт го претстави новиот концепт C-X75.
Концептот е долг 4,7m, широк 1,6m и висок 1,9m, додека неговото меѓуоскино растојание изнесува 2,9m. Моделот е базиран на целосно нова алуминиумска модуларна платформа, која е со мала тежина и висока цврстина. На оваа платформа ќе биде поставен и нивниот нареден седан од Д-сегментот, кој ќе дебитира во 2015-та година.
Ентериерот е уреден во футуристички стил, во кој доминираат црната и белата боја. Доколку Jaguar се одлучи да го произведе C-X75, претпоставуваме дека неговата кабина ќе претрпи најмногу промени.