ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ очајно се обидува да го спаси Заев

Од:

СДСМ очајно се обидува да го испере Зоран Заев од одговорноста за добивањето на јавни набавки во Струмица на фирми на неговиот татко, чичко, братучедка, стрина и кој ли уште не од неговото семејство. Јавните набавки ги доделувале институции кои се директно одговорни пред Зоран Заев и директори кои лично тој ги назначувал, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ, насочена по денешниот став на СДСМ.

„Од СДСМ се обидуваат вината да ја префрлат на жртвените јагниња кои Зоран Заев ги назначил во Струмица да прават бизнис со фирмите од неговиот клан. Ако веќе парите на струмичаните завршуваат во џебовите на Заеви, редно е Зоран Заев да излезе и доблесно да го признае тоа. Тој е единствениот кој што има морална и политичка одговорност во случаите кога неговите семејни фирми добиваат јавни набавки во Струмица“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО