Помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда

Од:

Собранието го донесе Законот за помилување. Со новиот Закон за помилување кој е предложен од Министерството за правда претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.

При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската Унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи.

„ Причините за донесување на Законот за помилување, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со Предлогот. Она што е важно е што во него има прецизни рокови и докрај се прецизираат ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот. Меѓу другото, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими, oдносно, со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето“, велат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

Горан Наумовски

Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

А1он

Мицкоски: Случајот со помилувањето е кукавичко јајце оставено од претходната Влада

А1он

СДСМ: Апсењето на Равманоски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањата!

Горан Наумовски

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

СДСМ: Со помилување криминалци ВМРО ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба