Вкупно 13 лица осомничени дека се членови на бандата „ДЗ мафија“, вмешана во трговија со дрога во Марсеј, се уапсени во понеделникот во Франција во рамки на истрагата за обид за убиство во Шпанија.
Осомничените, 10 мажи и три жени претставени како партнери на членови на бандата, се на возраст од 15 до 25 години.
Уапсените се осомничени за учество во обид за убиство на маж (43) од Марсеј, во јануари 2023 година, во Каталонија, кој е познат и по шверц на дрога, соопштија извори блиски до истрагата, пренесува Бета-Франс прес.
– Браво за полицијата за оваа нова акција против нарко бандите во Марсеј – напиша францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен на платформата X.
Апсењата беа извршени во Марсеј и Рен, а следеа неколку дена по апсењето во Мароко на Феликс Бенги, наводно водач на кланот „Јода“, ривал на „ДЗ мафијата“.