Девет лица се фатени на дело со украдени предмети откако ја ограбиле ЗИК „Пелагонија“ во Општина Могила. Лицата успеале да натоварат предмети од објектот во три возила, но фатени се на дело. Полицијата ги одзела возилата, лицата се уапсени, а предметите вратени на претпријатието.
„ На 10.3.2024 во 12.30 часот во с.Долно Српци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Н.(35), Б.Џ.(37), С.Р.(20), А.Р.(23), А.Р.(45), Е.Б.(32), Д.Д.(24), Е.К.(24) сите од Прилеп и Р.В.(61) од с.Мажучиште, прилепско. Тие биле затекнати при извршување на кражба во објект на ЗИК „Пелагонија“. Од нив биле одземени возило „фолксваген венто”, патничко возило „фолксваген венто” и возило „форд транзит” натоварени со повеќе предмети сопственост на ЗИК „Пелагонија“. Предметите биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.