Најмалку 50 патници се повредени на летот од Сиднеј до Оукленд, кога поради технички проблеми авионот ненадејно почнал да губи висина.
Според локалните медиуми, дури 24 лица побарале медицинска помош.
Станува збор за лет на компанијата LATAM Airlines Group.
„Патниците и кабинскиот екипаж се повредени. Веднаш им е укажана лекарска помош“, соопштија властите.
Инцидентот се случил околу 16 часот по локално време, а на аеродромот во Оукленд патниците ги чекале пет возила на брза помош.
„Нашите екипи примија 24 пациенти, осум во тешка и 16 во полесна состојба“, соопштија од итната помош, додавајќи дека две лица се пренесени во болница.
Медиумите јавуваат дека се работи за Боинг 787-9 Дримлајнер.
Засега не се знае какви технички проблеми предизвикале откажување на леталото.