(ВИДЕО) Огромен пожар кај аеродромот во Санкт Петербург. „Тоа е напад со дрон“

Од:

Попладнево огромен пожар избувна во индустриска зона во близина на рускиот град Санкт Петербург. Снимки на кои се гледа пожарот и огромен облак чад се проширија низ социјалните мрежи.

Како што јави „Украинска правда“, затворен е аеродромот Пулково, а пожарот зафатил и хангар. Пожарот се проширил на површина од околу 1.000 квадратни метри. Локалните власти тврдат дека во областа е соборен украински дрон.

Како што соопштија локалните власти, долж автопатот Волконској во Ленинградската област се запалил хангар. Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека во пожарот се повредени две лица.

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт објави дека од 17 часот на аеродромот Пулково се воведени голем број ограничувања поради безбедноста на цивилните авиони. Пожарот подоцна беше локализиран, а ограничувањата на Пулково беа укинати.

Независниот портал База објави дека се воведени ограничувања на аеродромот поради обид за напад со дрон врз производствен погон во Санкт Петербург.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели