Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Од:

Регионалниот ЦУК – Тетово известил дека на бројот 112 граѓанин од село Форино во Општина Гостивар, доцна попладне пријавил дека мечка му дошла на имотот кај шталата, како и дека се движела околу шталата во моментот на пријавување.

Веднаш била известена Полициската станица – Гостивар чија екипа излегла на местото на настанот. Случајот бил внимателно истражен по што е известено дека животното нема направено штета во шталата и на оградата околу куќата, но видно забележани биле траги од мечката.

Паралелно со известувањето за мечката во гостиварската полиција, Регионалниот ЦУК – Тетово ги известил Општина Гостивар и Инспекторат за животна средина за преземање натамошни мерки во нивна надлежност.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Активни се пет пожари на отворен простор, шест се ставени под контрола

Од 31 пожар на отворен простор, два се активни, пет се под контрола

Горан Наумовски