Бајден: Уште е можен прекин на огнот во Газа пред Рамазан

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за MSNBC изјави дека прмиирје во Газа пред месецот на Рамазан е „секогаш можно“ и дека тој не се откажува од прекинот на огнот.

Бајден рече дека заканата на Израел за инвазија на Рафа во јужна Газа ќе биде негова „црвена линија“ за премиерот Бенјамин Нетанјаху, но потоа рече дека нема црвена линија и дека „никогаш нема да го напушти Израел“.
Во малку контрадикторен разговор, Бајден рече дека „не може да има уште 30.000 мртви Палестинци како резултат на нападите врз милитантите на Хамас.

Бајден и неговите помошници го повикаа Нетанјаху да не започнува голема офанзива во Рафа додека Израел не развие план за масовна евакуација на цивили од последниот појас Газа што сè уште не го нападнале копнените сили. Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа се засолнети во областа Рафа.

„Постојат и други начини за справување со траумата предизвикана од Хамас“, рече Бајден, мислејќи на дивеењето на исламистичката група на 7 октомври 2023 година во јужен Израел во кое загинаа 1.200 луѓе. Рамазан започнува околу 10 март годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан