Настанот со кражбата на бистата на Брус Ли веќе една недела е тема на интерес во Босна и Херцеговина, а сега откако е пронајдена, јавноста сака да дознае што повеќе за сторителот.
Имено, уапсен е 46-годишен маж кој покрај ова дело, во своето досие има и други криминални дела како дилање дрога и разни разбојништва. Во еден од случаите бил затекнат со 120 грама хероин.
По него трагале и Интерпол и хрватските истражни органи. Претходно бил осудуван за разбојништво, а неколкупати е приведуван поради дрогата.
Постојат сознанија дека имал и соучесник и дека ја откорнале статуата, а ја превезувале со помош на градежна количка. Мотивот за делото веројатно било продавање на бистата на откупувачите на стар и секундарен метал.