Фотографирањето на возилата т.е. престапниците кои возат со преголема брзина е воспоставена пракса во голем дел од светот, но Италија одлучи дека го прекинува тој дел од изрекувањето казни за брзо возење.
Возачите веќе нема да ги добиваат фотографиите дома, туку само известување за прекршокот и за започнување на постапка. Форографијата ќе може да се види во полиција.
Причината е што многупати се случило поради овие фотографии да се случи раскинување, развод, па дури и губење работа или прекинати бизнис зделки, кога во автомобилите има некој кој не би требало да е таму. Од друга страна, министерот за транспорт Матео Салвини смета дека овие фотографии се користат за остварување приходи.
Италија е земја со најмногу сообраќајни камери за контрола на брзината споредено со останатите членки на ЕУ – вкупно 11 илјади на територија на цела земја.