Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Од:

Дождливото време проследено со ветар, попладнето предизвика проблеми на патните правци кои водат од Делчево кон Пехчево и Македонска Каменица. Поради паднато дрво во близина на с.Тработивиште, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово е отежнат. Од Македонија пат информираат дека нивни екипи се на терен и работат на расчистување на коловозот.

-Паднатото дрво се наоѓа на патот Делчево – Пехчево, во близина на тревнатото фудбалско игралиште во с.Тработивиште кое се наоѓа од левата страна на коловозот. Сите кои патуваат на оваа релација да ја прилагодат брзината во близина на оваа делница, поради можната опасност, информираа од Македонија пат.

Во овој регион попладнето повторно има појава на одрони на магистралата А3, која е дел од патот Делчево – М.Каменица.

-Утрово расчистувавме поголеми одрони на делницата после с.Очипала и Баткова Чешма. Таму повторно има појава на ситни одрони, заради што апелираме на внимателно возење, додадоа од претпријатието.

Во моментот во Пијанечко-Малешевскиот регион дождот престана, но во одредени делови сообраќајот и понатаму се одвива по влажни коловози. вс/са/

Би можело да ве интересира

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Предраг Петровиќ