Агенцијата за храна и ветерина известува дека операторот со храна ТД Нелт СТ ДООЕЛ, врши отповикување на чоколаден бар „Милка Орео“ од 37 грама.
Причината за ова отповикување е поради тоа што се пронајдени парчиња пластика во самиот производ. Инаку овој производ од пред неколку дена е повлечен и од хрватскиот пазар токму поради истата причина.
Се повлекува производот Чоколаден бар Милка Орео 37гр. со сериски број/лот: OSK0934652 со рок на употреба до 18.08.2024 кој го произведува „Mondelez Polska Production SP Zoo“ а го увезува и дистрибуира ТД Нелт СТ ДООЕЛ.