Димитриевски: Местото на жената е кадешто се носат одлуките

Од:

Претседателот на Движењето ЗНАМ, актуелен градоначалник на Општина Куманово и кандидат за Претседател на Македонија Максим Димитриевски упати честитка до сите жени по повод денешниот Ден на жената – 8 Март.

Жената претставува столб на семејството во секое општество, која треба да се почитува и уважува секој ден. Ви посакувам секојдневно внимание и многу љубов од најблиските, затоа што Вие тоа го заслужувате истакна Димитриевски.

“Среќни сме што жените се активно вклучени во сите процеси на креирање на локални политики и носење одлуки со цел развој на Општина Куманово. Во Советот на општината е запазена родовата еднаквост, Претседателката на Советот на Општина Куманово е жена, имаме жени раководителки на многу значајни сектори во Општината и секогаш се залагаме за целосна еднаквост помеѓу мажите и жените. Ова е нашето заедничко општество каде што мораме да бидеме еднакви, затоа што само на овој начин можеме да одиме заеднички напред” потенцираше Димитриевски.

-Местото на жената е кадешто се носат одлуките и Движењето ЗНАМ ќе продолжи да се залага за тоа, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Ќе ги продлабочувам односите со ЕУ, НАТО и странските партнери, засновани на јасната гео-политичка ориентација

Горан Наумовски

Димитриевски со кривична за музејот на УЧК во Сопот: Дивоградба на државно земјоделско земјиште

(ВИДЕО) Димитриевски: Царовска направи пропуст за градинката

Наум Локоски

Димитриевски: Преку референдумот до повеќе проекти

Наум Локоски

Градоначалникот на Куманово започнува со мерки за намалување на загаденоста

Наум Локоски

Кумановскиот градоначалник Димитриевски се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Наум Локоски