„Боингот 777“ на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, кој летал за Токио, бил пренасочен кон Лос Анџелес бидејќи му паднало тркало.
Една од гумите на главната опрема за слетување на авионот паѓа неколку секунди откако авионот полета од аеродромот во Сан Франциско во четвртокот.
Делови од паднатото тркало „слетале“ на паркингот на персоналот на аеродромот, каде е оштетен најмалку еден автомобил.
Авионот принудно слетал, а сите патници се безбедни.