Државјанин на Македонија застрела жена од Србија на патарина во Прешево, па се самоубил

Од:

Младата жена која била застрелана на наплатната рампа синоќа била примена на Итната помош во болницата во Врање.

Од тој здравствен дом е одлучено дека лекарите ќе се борат за нејзиниот живот, но дека дијагнозата е во тек и дека е рано да се даваат какви било прогнози.

„Новости“ пишува дека станува збор за помлада жена од територијата на Србија, а во неа пукал постар маж со државјанство на Македонија.

Вознемирувачкиот инцидент се случи доцна синоќа кога, според првичните информации на српските медиуми, македонскиот државјанин прво и нанел прострелни рани на жената, за која се верува дека е неговата сопруга, пред да го сврти оружјето кон себе.

Тој им подлегнал на повредите на местото на настанот, а очевидците говорат дека пукањето следело по жестока расправија меѓу сопружниците.

Според се уште непотврдени информации, мажот и жената кои биле во автомобилот се скарале, таа излегла од автомобилот и тој испукал два куршуми кон неа, а потоа се самоубил.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он