Силното невреме кое денеска го зафати гевгелиско однесе жртва. Младо момче починало од удар на гром.
Несреќата се случила во гевгелиското село Негорци. Информацијата за А1он ја потврдија и од МВР.
Според првичните информации тинејџерот починал на самото место.
„Денеска (07.03.2024) во 15.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во атар на с.Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток. “, велат од МВР.
Полицијата извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.