ВИДЕО: Огромен гром во Канада удри авион во лет

Од:

Боинг 777 на AIR CANADA беше погоден од огромен гром во неделата, веднаш по полетувањето од аеродромот во Ванкувер во Канада. Во моментот на ударот, авионот превезувал 400 луѓе кои летале од Ванкувер за Лондон.

Во инцидентот, кој на видео го снимил еден од набљудувачите на теренот, немало жртви, а авионот успеал да продолжи со летот и да слета според планираното во лондонскиот Хитроу, пишува The Daily Mail.

Повеќе од половина од ударите на гром во авиони се случуваат помеѓу март и јули, а ударите од гром се најчести кога авион поминува низ облаци додека се качува или спушта. Температурата на молњите е речиси 30.000 Целзиусови степени, односно е три пати потопла од површината на сонцето.

И покрај тоа што се ретки, има девет авионски несреќи кои се припишуваат на гром. Седум од овие соборени авиони беа комерцијални, а другите два беа воени авиони. Повеќето од овие несреќи вклучуваат авиони кои летаат на мала височина за време на полетување или спуштање. Најлошата од овие несреќи беше летот 508 на LANSA во 1971 година, во кој загинаа 91 од 92 лица во авионот.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски