Димитриевски: Се спроведува сценарио против мене исто како од режимот на Груевски

Од:

Претседателот на Движењето Знам – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска одржа вонредна прес конференција на којашто потенцираше дека повод за истата е веќе виденото сценарио кое што и претходно во многу наврати беше применето кон него и кон неговите истомисленици, а во моменти на предизборни и изборни активности во кампања.

Димитриевски при тоа додаде:

„ Имено, во овој случај само се потврдува досега многу пати повтореното тврдење дека власта преку своите сателити инсталирани во судско обвинителската власт, креира неосновани случаи, го злоупотребува правниот систем, во случајов Обвинителството, а во одредени моменти и дел од судиите на Уставниот суд, за да креира неосновни кривични пријави за наводна злоупотреба на службената положба и овластување од моја страна како актуелен градоначалник на Општина Куманово“.

Тој потенцира дека не е случајно, што токму во овој момент, кога е номиниран за кандидат за Претседател на Македонија од политичката
партија Движење ЗНАМ-За наша Македонија, поддржан од над 11.500 потписи на граѓаните, се изнудува и креира неоснован обвинителски предлог од страна на ОЈО Куманово и обвинителот Иса Сулејмани, за кого претходно од неговиот адвокатски тим е побарано изземање од постапката поради пристрасност и селективно постапување во предистражна постапка.

„Градба на локација во Куманово во самата близина на Здравствениот дом Куманово или Школски диспанзер и дополнително на гимназијата „Гоце Делчев“. Ова е прв пат, кога обвинителството го штити приватниот, а не јавниот интерес, а овој обвинителен акт е само уште една потврда за
таквото однесување“, рече Димитриевски и додаде:

„За жал, оваа владејачка структура се повеќе потстетува на режимот на бегалецот Груевски, бидејќи и методите се исти, дури и многу
пософистицирани, иако во одреден период заедно со дел од нив се боревме против истиот тој режим“.

„Сакам да им порачам на сценаристите и режисерите на овој монтиран случај дека не постои сила, ниту цена која може да ме оттргне од мојот
трасиран пат, да ги бранам државните, националните и интересите на сите граѓани не само на Куманово, туку и на Македонија. Напротив, за мене ова е дополнителен поттик да бидам уште поуверен во сопствените ставови, во ставовите на моите истомисленици и да ја истуркам оваа борба до крај.

Се со единствена цел да се оневозможи на никој поединец во државата да му се случува вакво нешто “, рече Димитриевски. Запрашан за што конкретно станува збор Димтиревски рече:

„Се работи за предмет којшто се води пред Основното јаввно обвинителство Куманово, во кое што еден од подносителите на кривичната пријава е
всушност и потврден спонзор на една од актуелните партии во власта, којшто има личен интерес, да изгради станбен објект со катност од 11
спрата.

Во општината согласно законите се води управна постапка, а јас бев претходно известен од страна на две јавни институции, гимназијата „Гоце Делчев„ и Школксата амбуланта Куманово – Здравствен дом Куманово дека им е загрозен јавниот интерес, при што јас како градоначалник сум должен во вакви постапки истото да го проверам и доколку се потврди дека е загрозен јавниот интерес, тоа да го спречам.

Во овој случај постои стручно мислење кое го потврдува јавниот интерес. Врз мене во континуитет се вршат различни форми на притисок за да се обезбеди градежна дозвола за изградба.

Во овој случај за жал има инволвирано и лица, носители на највисоко ниво на функции во државата. Во овој случај обвинителот којшто има поднесено поднесок против мене до Кривичниот суд во Куманово, всушност постапува целосно пристрасно, иако има поднесено барање за негово изземање од предметот, бидејќи селективно и нереално ја утврдил фактичката состојба, истиот согласно законот мора да сопре со сите дејствија против мене.

Сепак тој истиот своеволно поднесува обвинителен поднесок, со цел да ми наштети лично мене, како и на субјектот Движење ЗНАМ За наша Македонија, со кој заедно настапуваме на претстојните избори.

Димитриевски рече дека не може да ги објави имињата на функционерите, бидејќи смета дека може да ги загрози идните можни кривични постапки кои од моја страна, а и по службена должност ќе бидат водени против овие лица.

За сите овие случувања известени се нашите стратешки партнери и пријатели ЕУ, САД и сите дипломатски претставници и меѓународните
организации во Македонија, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Етничкиот предзнак не треба да биде привилегија за вработување

Димитриевски: Шпекулации се наводите дека е набавениот семафор за спортската сала кој чини над десет милиони евра

Левица: Максим Димитриевски троши 10 милиони денари народни пари за семафор во сала

Димитриевски: Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ се навикнати секој да им прави што сака, само да си ги остваруваат бизнис интересите

Предраг Петровиќ

Димитриевски: Мислам дека е погрешно ВРЕДИ да го имитираат ДУИ