Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Од:

Шведска, по два века неутралност и официјално 32-та членка на НАТО. Со приемот на Шведска, по Финска минатата година, сите земји со излез на Балтичкото Море, со исклучок на Русија, сега се членки на Атлантската алијанса.

Со приемот на Шведска, НАТО добива пристап до стратегиски важната територија на скандинавската држава и можност да го претвори Балтикот во своевидно „НАТО-море“, опкружено со земји членки на Алијансата.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде документите за ратификација на шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, до кои земјата стигна по долги натегања со одделни членки на Алијансата.

Сино-жолтото шведско знаме во понеделник треба да биде подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел. Минатата недела Русија вети дека ќе преземе „контра мерки“ како реакција на пристапувањето на Стокхолм во Алијансата, што ќе зависи „од условите и опсегот на интеграцијата на Шведска во НАТО“.

Иако Шведска придонесува за меѓународните мировни сили, таа не доживеала војна од конфликтот со Норвешка во 1814 година.Шведска и Финска, иако воено блиски со САД, историски претпочитаа да се држат настрана од НАТО, формиран за време на Студената војна против поранешниот Советски Сојуз.

Шведска повеќе од два века ја одржуваше воената неутралност, но поднесе кандидатура за членство во НАТО заедно со соседна Финска, во мај 2022 година, по избивањето на војната во Украина. Шведска го враќа и цивилното служење на воениот рок, практика што беше отфрлена за време на Студената војна

„ Шведска денес е држава што зад себе остава 200 години на неутралност и независност. Тоа е голем, но природен чекор и ќе го сфатиме сериозно. Членството во НАТО за нас значи дека се враќаме кон големиот број демократии што работат заедно за мир и слобода преку значително успешна соработка“, кажа шведскиот премиер Улф Кристерсон по гласањето во Будимпешта.

Шведска за првпат ќе добие безбедносни гаранции според членот пет од повелбата на НАТО, во кој се наведува дека нападот врз членка на Алијансата се смета за напад врз сите други. Најновата членка на НАТО ќе добие и еднакви права во советот на воениот сојуз, како и можност за ставање вето.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било