Русите се огласија за ракетниот напад во близина на местото каде што беше Зеленски

Од:

Русија се огласи за ракетниот напад во Одеса, во близина на местото каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Како што наведуваат, мета биле хангарот „каде се подготвувале беспилотни чамци“.

„Денеска во 11:40 часот по московско време, руските вооружени сили извршија високопрецизен ракетен напад врз хангар во индустриската пристаниште зона Одеса, каде што се подготвуваа за борбена употреба на беспилотни чамци на украинските вооружени сили“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Се наведува дека целта е постигната и дека целта на непријателската војска е погодена.

Да потсетиме, претходно денеска руската армија истрела ракети кон Одеса за време на посетата на претседателот Володимир Зеленски и неговиот гостин, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, на тој пристанишен град на Црното Море.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он