Кривична против полициски службеник осомничен за насилство

Од:

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Е.М., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР. На 12.10.2023, полицискиот службеник Е.М. заедно со лицето М.М., против кого, исто така е поднесена кривична пријава, физички го нападнале С.А. од с. Черкези, кумановско и му нанеле повреди“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години